Oфицијална работна средба помеѓу градоначалникот на општина Ново Село и заменик претседателот на Македонски Национален Совет во Швајцарија

0 2.240
На ден 11.02.2023 во Тринген, Швајцарија, одржана е официјална работна средба помеѓу градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов и заменик претседателот на Македонски Национален Совет во Швајцарија, Иљчо Китанов.
На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на можни полиња за соработка помеѓу македонската дијаспора во Швајцарија и локалните општини во Македонија.
Постигната е согласност и договорени се заеднички активности кои ќе се одржат на почетокот на месец август во Македонија, со заедничко учество и соработка на МНС и Општина Ново Село.
Деталите за договорените активности ќе бидат допрецизирани и соопштени во текот на месец март.
Градоначалник на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов
Заменик претседател на Македонски Национален Совет во Швајцарија, Иљчо Китанов

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

* Превземано од Македонски национален совет- Швајцарија 

Постави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе