Maкедонија е на pacпродажба – Спopeд Бучковcки: Teзите нa Љyбчo Гeopгиевски зacлужyваат внимaниe

0 59

Специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски вели дека на две три недели пред јас да бидам именуван за таа позиција разговарал со Љубчо Георгиевски токму ставовите со кои последниов излезе во јавноста.

„Тие заслужуваат внимание и аргументирана расправа. Нам ни треба подготовка на домашната јавност за темите кои ќе се наметнат во периодот кој претстои, а тоа се темите за заедничката историја.

Ние и во владината коалиција имаме коалиционен партнер кој ја форсира темата за заедничката историја, имаме коалиционен партнер, Павле Трајанов, кој вели дека немаме заедничка историја, така што умешноста на премиерот, на Владата е во овие околности кога во јавноста имаме атмосфера на говор на омраза, омаловажување на Георгиевски без сериозни аргументи, да имаме сериозна дебата, иако мислам дека во овој момент таа дебата треба да се води со изложување на аргументи“.

Постави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе