По поразот на Јуве, Милан е единствен непоразен тим во „топ 5“ лигите

0 76

Екипата на Јувентус загуби на домашниот дуел со Фиорентина и тоа со убедливи 0-3 во Торино. Момците на Андреа Пирло иако беа близу до враќање во натпреварот при резултат 0-1, сепак тимот од Фиренца даде уште два гола и победи.

По овој пораз, единствен непоразен тим во најсилните пет лиги е Милан, кој вечерва ќе го дочека Лацио во последниот натпревар за нив годинава. „Росонерите“ иако имаат кадровски проблеми, со голем мотив ќе ги дочекаат „бјанкочелестите“ и надеж дека во новата година ќе влезат без пораз и како лидер во Серија А. Пред Милан и Стефано Пиоли вечерва е сериозен тест, бидејќи ќе бидат без Ибрахимовиќ, Кјаер, Кеси, Бенасер, Габиа, а засега е непознато дали ќе играат Тонали и Ребиќ.

Јуве и Милан беа единствените непоразени екипи во најсилните конкуренции од Европа, а ова потфрлување на „старата дама“ може навистина многу да ги чини. Покрај Јувентус, во Италија со еден пораз е само уште Интер. Во шпанската Примера еден неуспех има Атлетико Мадрид, додека во Премиер лигата таков учинок бележи Ливерпул.

Првопласирените четири екипи во Бундеслигата се со по еден пораз, односно Баерн МинхенБаер ЛеверкузенРБ Лајпциг и Волфсбург, додека во Лига 1, Лил и Лион бележат таков скор.

Постави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе