МЛАДИ СТУДЕНТИ ПО ИСТОРИЈА: Во Март 1943та депортираш 11392 лица а денес викаш дека не си бил Фашист!

0 112

Бурната историја на Балканот во 20 век е исполнета со многу апсурдни и дволични моменти.Еден таков настан е појавата на фашизмот и неговото ширење во Бугарија.Денес ова е контроверзна тема на која се кршат копјата помегу македонската и бугарската историска комисија а воедно и табу за кое бугарските интелектуални кругови одбегнуваат дискусија.

На денешен ден во 1943 година започнува масовната депортација на мекедонскте Евреи спроведена по директен налог на премиерот на бугарската фашстичка влада Богдан Филов кој отишол дотаму во својата расна политика што дури и основал Комесеријат за еврејски прашања како посебен дел од министерството на внатрешни работи кој го водел Александар Белев.Ова се фактите…

На 21 јануари Бугарскиот цар Борис го потпишува “законот за заштита на нацијата” со кој бугарскиот народ се опишува како “висока раса” во однос на сите останати.Самиот Борис е проблематичен за бугарската политика денес бидејќи е рехабилитиран од бугарските власти,а на друга страна за Тито се зборува дека е диктатор.Се споредуваат две целосно различни личности од кој еден е најголемиот борец на балканот против фашизмот и на крај човек што во неколку наврати ја победил Германија,а другиот потпишал закон за вредност на нација.

Сиштината на проблемот за бугарската историја се наоѓа тука,во овој период.Бугарската држава на 1 март 1941 година потпишува договор со Хитлер и официјално станува сојузник на Третиот Рајх.Една недела по нападот на Југославија,  Бугарија ја окупира Македонија.

Фашизмот во бугарската политика е присутен во една поинаква форма и денес.Преставен е со секојдневни провокации од најразлични функционери кој негаторски став кон нашата нација.Интересно е тоа што денес тие претендираат да се покажат како најстара нација на светот,дека благодарение на нив постои писменоста,дека се вмешани во најзначајните историски моменти па и нема да чуди ако еден ден кажат дека  нивната нација е постара и од едноклеточните организми.

ПИШУВААТ:

БЛАГОЈ ДИМОВ

ЈАНЕ КИРОВ

(Студенти на факултетот по Историја на УГД)

Постави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе