ИСТОРИЧАРОТ ЈАНЕ КИРОВ: Бугарскиот провокаторот Каракачанов треба да се извини за окупаторскиот прогон врз Евреите во Македонија!

0 95
Провокаторот Каракачанов треба да се извини за окупаторскиот прогон врз Евреите во Македонија!

На денешен ден во 1943 година започнала депортацијата на Евреите од Македонија со единствена цел – да го елиминираат еврејското население. Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој.

Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија.Овој грозоморен и нечовечки чин е извршен од фашистичката Бугарија и нацистичката Германија, кои во тоа време заеднички пустошеле на териториите на Република Македонија. „Бугарската пронацистичка власт, на чело со Богдан Филов и цар Борис Трети, дава согласност за потпишување договор за иселување (депортација) на Евреите од окупираните територии од страна на Бугарија, но и од самата Бугарија.

На 22 февруари 1943 година Александар Белев, комесар за Еврејските прашања и Теодор Данекер, претставник на нацистичка Германија го потпишуваат Договорот за најпрво иселување на 20.000 Евреи од окупираните територии и од самата Бугарија. Согласно со овој Договор, на 11 март 1943 година бугарската пронацистичка војска и полицијата насилно ги собираат Евреите од нивните домови во Скопје, Битола, Штип… и ги транспортираат во привремениот логор, кој служел како транзитен логор, во Тутунскиот комбинат во Скопје – Монопол.

Оттаму 7.144 Евреи, или 98% од вкупното еврејско население од тоа време, во три одделни транспорти, 22-ти, 25-ти и 29-ти март 1943 година, организирани од бугарските окупаторски власти, Комесаријатот за Еврејските прашања и со логистика на бугарската железница се депортирани и предадени на нацистите во центарот за убивање Треблинка.Затоа господине Каракачанов, наместо да ја омаловажување и оспорувате богатата Историја на Македонија, редно е да им се извините на Евреите во Македонија за окупаторскиот прогон…ама тоа најверојатно во некој друг живот, оти во овој служите само за провокации и ништо друго.

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Постави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе