БРАВО ДЕВОЈЧЕ: Седумгодишната Невена ја скрати косата и ќе ја донира за деца болни од рак!

0 61

Хуманоста нема граници. 

Невена има 7 години е од Злетово. До пред некој ден имаше долга коса, но после седум години чување, реши да ја скрати и истата да ја донира за правање на перики за децата болни од рак. 

Денеска денот ми го разубави миличка  Прекрасната Невена својата желба ја исполни.Хуманоста ја покажа од мали нозе и секогаш биди таква позитивна и ведра. Косата ќе ја донираме за деца болни од рак – стои во  објавата  на фризерско студио од Злетово. 

Ваквите објави ги топлаат срцата, кога се знае дека децата уште од најмала возраст се учат да бидат хумани и да се грижат за другите. 

Невена нека биде пример и за другите. 

Постави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе